Македонија
1. May 2016 - 17:58
Единствена традиција за Велигден во Тетово
Народниот обичај за Велигден во Тетово е во тоа што мажите одат по домовите на речиси сите роднини да го честитаат празникот, додека жените да остануваат дома да пречекуваат. Се подготвува богата трпеза, а на заминување гостите се даруваат со вапцано јајце.
Во семејството Стрезовски сметаат дека поубаво да се видат со сите роднини и пријатели отколку да заминат на патување за празникот.
Специфични обичаи за Велигден има на Велики Четрвток кога првите три јајаца се вапацат пред изгрејсонце. На Велики Петок бидејќи не се работи се посетуваат три цркви.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
