Единствена Македонија: Делчев нека почива во мир, спремни сме да ви ги подариме Заев, Шеќеринска и Димитров

Бугарски академици, историчари, политичари сегашни и поранешни, деновиве водат агресивна кампања за сквернавење на ликот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев кој целиот живот го посветил на Македонската револуционерна борба и создавњето на слободна и независна Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.
За волја на вистината, сквернавењето на Делчев не доаѓа од Бугарите кои се свесни за своето татарско-монголско потекло, туку од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата.
На домашен терен пак, во Македонија, носители на антимакедонскиот проект за подарување на македонската историја на Бугарија се Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и Никола Димимтров кои и не кријат дека се спремни да разговараат и за Гоце Делчев, а штом тоа прашање се стави на маса, уште сеге е јасно дека Гоце повторно ќе биде предаден како што беше предаден и за време на животот.
Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси, заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањата со македонскиот великан Гоце Делчев на начин што триото Заев, Шеќеринска и Димитров ќе бидат подарени на Бугарија, а Гоце Делчев може да почива во мир, се вели во соопштението од Единствена Македонија.
Ново на Сител
-

65-годишна велешанка прегазена од товарно возило
-

Маж од Радовиш ги нападнал сопругата и малолетната ќерка
-

Ѓаволот ја платил казната од 8 илјади евра, Феxми Стафа барал условен отпуст, велат од Кривичен
-

Мицкоски за изнајмувањето на „Македониум“: Уште денеска ќе побарам разрешување на директорот и на Управниот одбор
-

12 илегални мигранти откриени во еден ден од страна на Царинарница Скопје
-

Две и пол години казна затвор за вработената во МВР што фалсификувала возачки дозволи - Година и три месеци за двајца од возачите
-

Во Скопје изречени казни од над 80.000 евра за несовесно одлагање отпад
-

Грејната сезона почнува на 15 октомври
