-->
-->
Единаесетмина повредени по напад врз возач на автобус во Истанбул
-->
Патник денеска во Истанбул со чадор нападнал возач на автобус, по што тој загубил контрола врз возилото и предизвикал верижен судир во кој учествувале и неколку други возила. При инцидентот се повредени 11 лица, соопштија локалните власти.
Автобусот се судрил со друг двокатен автобус и со три автомобили на улица во квартот Аџибадем, за време на утринскиот метеж, стои во соопштението.
Прес-службата на гувернерот на Истанбул пак, соопшти дека 11 луѓе, меѓу кои и нападнатиот возач на автобусот, се повредени при инцидентот, но се вон животна опасност.
- Патникот кој го нападнал возачот е приведен, но засега мотивите за физичкиот напад се непознати, се додава во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп сака да ги врати старите тушеви и светилки: Со новите не можам ни косата да ја измијам
-
Меџити: Се зборува дека Груби е во Албанија, Ахмети е во постојан контакт со него
-
814 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава
-
Меџити: Химната може да биде само со музика без текст
-
Потпишан Договор за аеропрочистувачи, ќе бидат донирани во болници, градинки, училишта,...
-
Маск поддржа обвинувања дека Зеленски сака „моќ и пари“ наместо мир
-
Приведен 58-годишен маж од с.Чергане, бил баран со потерница
-
Претрес во затворот „Идризово“, полицијата пронашла дрога