-->
-->
Единаесет лица загинаа во пожар во училиште во Уганда
-->
– Единаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во пожар во училиште во село во близина на главниот град на Уганда, Кампала, соопшти денеска локалната полиција.
Претставник на полицијата рече дека инцидентот се случил во текот на ноќта во училиште за слепи во областа Муконо, без да даде повеќе детали.
Пожарите во училиштата во Уганда предизвикуваат загриженост кај образовните службеници во оваа источноафриканска земја.
Две спални во познатиот интернат во Кампала беа уништени во одделни пожари во 2020 година, но никој не беше повреден во тие инциденти.
Во близина на Кампала во 2008 година, 19 ученици загинаа во пожар што избувна во интернат за ученици во основно училиште.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници
-
Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
-
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра
-
Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле патиките и јакната
-
Кривична пријава за Германец, фатен со дрога на граничен премин
-
Сите пристапни улици до штипската Клиничка болница ќе се реконструираат