Свет
6. November 2016 - 13:24

Единаесет лица загинаа во два терористички напади во Ирак

Бомбаш-самоубиец денеска крена во воздух возило на брза помош, полно со експлозив во ирачкиот град Тикрит, при што уби девет лица, изјавија болнички и полициски претставници.

Властите во градот прогласија полициски час и изјавија дека имаат информации дека може да бидат извршени уште напади. 

Во меѓувреме во Самара, кој се наоѓа педесетина километри јужно од Тикрит, две лица беа убиени, кога бомбаш-самоубиец со автомобил-бомба нападна паркинг на шиитски верници, кои ја посетувале локалната џамија Ал Аскари.