Еди Рама: Во Македонија има повеќе од 35 отсто Албанци
Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Франс 24“ говореше за ситуацијата во неговата земја, но и во земјите од регионот и, вообичаено, не заборави да даде некоја изјава и за Македонија.
Овој пат Рама ѝ објасни на новинарката дека Албанците во Македонија не се малцинство, како што рече таа, туку дека се ентитет што сочинува 35 отсто од населението и додаде дека единственото нешто што соседите, односно Македонците, треба да го направат, е да го почитуваат Охридскиот договор.
– Во Македонија нема албанско мнозинство, има албански ентитет, има повеќе од 35 отсто Албанци во Македонија. Единственото нешто што треба да го направи Македонија е да го спроведе Охридскиот договор – изјави Рама и уште еднаш повтори дека тие сакаат голема Европа, а не голема Албанија.
Ова е последната од низата изјави на албанскиот премиер што ја разбрануваа македонската јавност. Пред неколку дена тој за швајцарски медиуми изјави дека Тирана не ги негира македонскиот јазик и идентитет, притоа нарекувајќи нѐ Славомакедонци и додаде дека за нив е несфатливо зошто Македонците не сакаат албанскиот јазик да биде официјален на национално ниво, иако албанското население претставува речиси една третина од населението.
– Можете ли да замислите такво нешто во Швајцарија? Француски како забранет јазик во федералните институции или судот – нагласува албанскиот премиер.
Рама во тоа интервју нагласува и дека Албанците биле, се и ќе бидат државотворна единица во Македонија.
Процентот на албанското население во Македонија долго време е тема на дискусија, не само во земјава и кај домашните политичари, туку и во регионот. Така, косовскиот претседател Хашим Тачи уште во 2013 година ја посочи истата бројка и рече дека во Македонија 35 отсто од населението се Албанци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?