Свет
16. December 2016 - 14:51

Еден загинати и 14 повредени во пожар во зграда каде се сместени мигранти во Париз

 Еден човек загина и 14 се повредени во пожар во центар за мигранти во Париз.

Пожарот избувнал во зграда на шест спрата во која се сместени мигранти со валидни документи. Според првичните информации на француски медиуми, станува збор за намерно подметнат пожар.

Во изминатите месеци неколку центри за мигранти или бездомници во Франција беа цел на пожари, јавуваат француски медиуми.