-->
-->
Еден загинат и петмина повредени во експлозија на бомба во Авганистан на доделување награди за новинарство
-->
Во авганистанскиот град Мазар-е-Шариф денеска експлодираше бомба за време на доделување награди за новинари, при што загина едно лице, а пет беа ранети, изјави портпаролот на талибанската полиција.
Експлозијата се случила во центарот „Табиан Фарханг“ во Мазар-е Шариф, главниот град на провинцијата Балх, околу 11 часот кога новинарите се собирале на церемонијата на доделување, изјави Мохамад Асиф Вазири, портпарол на локалната талибанска полиција.
Тоа се случи два дена откако во бомбашки напад во Мазар-е-Шариф загина гувернерот на провинцијата Балх, Дауд Музмал и уште две лица, а ранети беа четири луѓе.
Во денешната експлозија беа ранети и новинари.Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка