Еден загинат и петмина повредени по земјотрес во рудник за јаглен во Полска

Едно лице загина, а пет се повредени утринава во рудник за јаглен во Руда Слонска, јужна Полска, јавија француските медиуми, повикувајќи се на компанијата за ископ на јаглен ПГГ.
- Како резултат на земјотресот што се случи во 6:13 часот по локално време на длабочина од околу еден километар, едно лице загина, а пет други се повредени, без животна опасност, изјави портпаролот на компанијата Томаш Глоговски, кој додаде дека починатиот има 39 години.
Според Глоговски, акцијата за спасување била завршена до 10 часот.
Вкупно седум лица загинаа оваа година во Полска во рударски несреќи, покажуваат официјалните податоци. Бројот на жртвите во рудниците во земјата минатата година беше 30. Ископувањето јаглен и понатаму е особено важно за полската енергија.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
