-->
-->
Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка на скопската обиколница - возачот што ги прегазил избегал
-->
На 07.03.2023 во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во насока од Куманово кон Тетово, во близина на клучка Стенковец, товарно возило удрило во Б.Џ.(31) од с.Романовце, кумановско, Ш.Е.(34) и Р.Е.(30), двајцата од с.Танушевци, скопско, кои биле до паркирано товарно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, по што го напуштило местото.
На местото на несреќата починал Р.Е., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле Б.Џ. и Ш.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања