Еден век од првите Зимски олимписки игри
Во малото француско алпско место Шамони на денешен ден пред 100 години се одржаа првите Зимски олимписки игри (ЗОИ) во историјата на кој настапија 258 натпреварувачи од 16 држави.
Оттогаш до денес, ЗОИ прераснаа во најважен зимски спортски настан со просечно над 3.000 учесници од 90 држави, а секои четири години бројот на натпреварувачи и дисциплини континуирано се зголемува.
„Тоа беше историски момент кога е во прашање олимпизмот и олимписките игри. Во изминатите 100 години во само два наврати не се одржаа зимски игри. Луѓето се фасцинирани од зимските спортови, снегот и мразот“, изјави на одбележувањето на 100-годишнината од Игрите во Шамони претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах.
Првите ЗОИ во Шамони се одржаа од 25 јануари до 5 февруари 1924 година, а од вкупниот број натпреварувачи само 13 беа жени.
Споредено со денешните бројки, на Олимписките игри 2022 во Пекинг настапија 2.871 спортисти, од кои 45 отсто беа жени, додека на следните ЗОИ во Милано и Кортина во 2026 се очекува спортистките да сочинуваат 47 отсто од вкупниот број натпреварувачи.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор