Еден ученик убиен, двајца ранети во напад со нож пред средно училиште во Калифорнија
Еден ученик е убиен, а двајца други се ранети во напад со нож пред средното училиште Санта Ана во истоимениот град во Јужна Калифорнија, соопшти локалната полиција.
Американските медиуми, повикувајќи се на порпаролката на полицијата во градот, Наталија гарсија, пренесуваат дека тројца ученици, сите мажи, биле пренесени во болница, каде еден од нив починал, додека другите двајца биле во стабилна состојба.
Инцидентот се случил додека учениците го напуштале училиштето по завршувањето на часовите, изјави портпаролот на училишниот округ, Фермин Лил.
Според официјалните лица, во нападот учествувале и лица кои не биле ученици на училиштето.
Полицијата бара најмалку две лица осомничени за нападот, а нивната поврзаност со училиштето и мотивот за нападот засега се непознати.
По инцидентот, сите воннаставни програми и спортски активности беа откажани.
Санта Ана, град со околу 300.000 жители, се наоѓа 50 километри југоисточно од Лос Анџелес.
Во средното училиште Санта Ана настава посетуваат околу 3.000 ученици.
Ново на Сител
-
Фетаи официјално соопшти дека останува дел од „Влен“
-
Тошковски ги оцени обвинувањата за тендерите како обид за политичка конструкција и дефокус од реформите
-
Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи
-
Каја Калас повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Москва
-
Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир
-
Тројца малолетници тепале свој врсник, еден од нив снимал со телефон