Македонија
30. December 2015 - 14:10

Еден убиен и 11 повредени при вооружен напад во Дагестан

Најмалку едно лице загина, а единаесетмина други се ранети при напад во популарното туристичко место Дербент во руската автономна република Дегестан, во северен Кавказ. 

Претставничката на локалните власти Татјана Абдулаева денеска изјави дека нападот се случил доцна синоќа во близина на градската тврдина, кога непознати сторители стрелале врз група од 20 лица.

Како што јави Танјуг, потпаролот на Истражниот комитет во Дегестан соопшти дека врз гупата туристи кои се качувале на тврдината, било пукано од автоматско оружје од блиската шума.