Еден ранет при антитерористичка операција во Белгија
Најмалку едно лице е рането денеска за време на антитерористичка операција на специјалните сили на белгиската полиција во реонот на градот Монс, јави ТАСС.
Во полициската акција против осомничени исламски екстремисти, која се спроведува во неколку предградија на Монс, се вклучени неколку десетици полициајци.
Телевизијата РТЛ јави дека, според првичните сознанија, при акцијата е повредено најмалку едно лица, а друго е уапсено.
Белгиската полиција распиша потерница по десет екстремисти, од кои најмалку двајца се осомничени за дирекна поврзаност со терористичките напади во Париз на 13 ноември.
По нападите во Париз белгиската полиција спроведе над 50 антитерористички операции на територијата на целата земја, при што беа уапси повеќе од 40 лица. Од нив шестмина се притворени, додека останатите беа ослободени по сослушувањето.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата