-->
-->
Еден полицаец загина, двајца се повредени за време на протести во Венецуела
-->
Еден полицаец загина, а двајца се ранети вчера во обид да растурат протест на опозицијата во венецуелската сојузна држава Миранда, изјави министерот за внатрешни работи Нестор Реверол.
- Силите за зачувување на редот се обидоа да ги протераат демонстрантите, но од нивната страна бил отворен оган и за жал еден полицаец загина, рече Реверол.
Еден полицаец е ранет од куршум, а друг од удар со тап предмет.
Во неколку градови во Венецуела вчера имаше масовни протести на противниците и на приврзаниците на Владата.
Според податоци на невладината организација „Форо пенал“ на демонстрациите на опозицијата се ранети над 20 лица, а најмалку 140 биле приведени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот