Еден од преживеаните фудбалери подлегнал на повредите во болница по разговор со неговата жена
Голманот на Чапокоензе Данило подлегнал на повредите во болница иако тој беше еден од преживеаните во авионската несреќа.
31-годишниот Данило бил еден од 81-те патници во авионот кој патувал од Бразил до Меделин, преку Боливија.
Голманот на Чапокоензе погдлегнал на повредите во болница
Данило имал 66 настапи за бразлискиот клуб
Првичниот број на жртви кој беше објавен е 76, и ако оваа бројка е точна, сега изнесува 77.
Заедно со тимскиот колега Алан Рушел (27), Данило бил извлечен од остатоците на авионот.
Како што првично беше објавено, тој ја преживеал авионската несреќа но нажалост подлегнал на повредите во болница.
Според што пишуваат тамошните медиуми тој зборувал со неговата жена пред да подлегне на повредите.
Одбраната на Данило која го однесе Чапокоензе во финалето на Копа Судамерикана, за жал тој подлегнал на повредите во болница
Алан Рушел во болница бил донесен свесен, можел да зборува и во моментов заздравува од повредите во болница.
Пред да се сруши авионот тој објавил слика од него и Данило во авионот на социјалните мрежи.
Фудбалскиот тим на Чапокоензе патувал за Меделин каде требало да го играат финалето на Копа Судамерикана со Атлетико Национал - второ по важност куп натпреварување во Јужна Америка.
Овој натпревар бил со најголема важност во историјата на клубот откако се промовирани во бразилската Сериа А за прв пат во нивната историја во 2014 година.
Данило (лево) сликан со Алан Рушел во авионот пред тој да се урне
Тимот на Чапокоензе фотографиран пред да се качи на авионот
Сите фудбалски натпревари во Јужна Америка се оддложени до понатамошно известување.
Чапокоензе објави кратко соопштение на кое пишуваше: "Нека Бог биде со нашите спортисти, директори, новинари и други гости кои патуваа со нашата делегација."
Снепчат на Алан Рушел во авионот пред тој да се урне
Ново на Сител
-
Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови
-
Битолчанка измамена за 27.000 евра со веќе познатата измама за наводна „сообраќајна несреќа“
-
Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа ако стане градоначалник на Скопје ќе го реши пробемот со сметот
-
Од вторник температури над просекот за овој период од годината
-
Спречено криумчарење на 11 златни монети вредни девет илјади евра | ФОТО
-
Од почетокот на седмицата уапсено 21 лице, а констатирани 2.131 сообраќајни прекршоци
-
Возел 92 км на час на место каде што е дозволено 40
-
Маж од гостиварско возел со 1,62 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка