Свет
5. јуни 2017 - 15:52

Еден од напаѓачите во Лондон имал ирска лична карта

Еден од тројцата извршители на нападот во Лондон имал ирска лична карта, јави Ирската радио и телевизија.

Според медиумот, британската полиција ја пронашла личната карта кај еден од напаѓачите откако биле застрелани. Ирската полиција наведува дека тој живеел во Даблин извесно време. Се претпоставува дека човекот бил од мароканско потекло и оженет за жена од Шкотска. Телевизијата јави дека тој немал полициско досие.