ОН: Еден од најсмртоносните денови за цивилите во Украина годинава
Обединетите нации реагираа на синоќешните руски напади врз Украина, нагласувајќи дека тоа е еден од најсмртоносните денови за цивилите оваа година.
Според Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина, загинале 21 цивил, што го прави вчерашниот ден еден од трите најсмртоносни денови за цивилите од почетокот на годината.
– Сите 21 загинати цивили и 79 од 81 ранети се случија на територија под контрола на Украина, соопшти ОН, додавајќи дека податоците се уште се проверуваат.
Најголем број жртви е забележан во регионот на Доњецк, вклучително и Добропилија, каде во руски напад со повеќе видови оружје загинале 11 цивили.
Локалните власти соопштија дека во нападите биле уништени или сериозно оштетени осум петкатни згради, административна зграда и трговски центар
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз