Еден цвет од нарцисот може да помогне во многу тешки болести

Во многу земји ширум светот овој цвет е симбол за надеж во борба против туморот, но сега научниците велат дека токму овој чест цвет во скоро сите дворови и градини може да игра поконкретна улога во борба против оваа болест. Станува збор за нарцисот.
Имено, истражување спроведено во белгијскиот универзитет „Université libre de Bruxelles“ укажало дека алкалодите од нарцисот може да го блокираат производството на протеини кои туморите ги користат за да растат повеќе.
Станува збор за „alkaloid hemantamin“, терапевтски молекул од природно потекло. Во групата вакви молекули спаѓаат и морфиумот, кининот и ефедринот. Овој алкалоид поттикнува стабилизација на протеините, па доколку и додатни истражувања утврдат, може да елиминира и ќелии на тумор со тоа што би ги врзал со рибозоми кои се одговорни за синтеза на протеините.
И самите научници велат дека откритието е сјајно, но доколу ви падне на памет сами да се обидете да користите нарцис во здравствени цели, размислете уште еднаш- доколку неговото стебло го џвакате и јадете, доаѓа до осип и вртоглавици.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
