ЕБОР анализира: Зошто животниот стандард во ЕУ е подобар од тој на Балканот?
Зошто продуктивноста и животниот стандард на Западниот Балкан заостануваат зад оние во Европсата унија? Да се добие појасна слика за причините била целта на извештајот на Европската банка за обнова и развој за перформансот и пречките за водење бизнис на компаниите од регионот.
Испитувањето направено меѓу 1800 бизниси од Западниот Балкан покажува дека продуктивноста на работниците во регионот е 60% од просекот на еврозоната. Македонија по овој параметар е зад Босна и Србија, на исто ниво со Црна Гора и пред Косово и Албанија.
По сектори, најголемиот јаз во продуктивноста е во производството, а помал е во услугите.
Најголема пречка за бизнисот, според анкетираните компании, е неформалниот сектор, односно нелојалната конкуренција. Овој индикатор е најзиразен токму кај анкетираните фирми од Македонија.
Како следна најголема кочница за работењето македонските компании го посочиле пристапот до финансии, а потоа политичката нестабилност.
- Проценуваме дека бизнисите во шесте земји од Западен Балкан губат по 13% од годишните продажби заради криминал, корупција и недоволно развиена инфраструктура. Тоа е значително повисока загуба отколку кај фирмите во земјите од еврозоната и претставува скриен данок на производството и продуктивноста, стои во извештајот.
Справувањето со нелојалната конкуренција, потенцира ЕБОР, не е важно само за компаниите, туку и за одржливоста на јавните финансии системите за социјално и здравствено осигурување.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
