Ѕвездата на Рома со шокантна изјава: Оженет сум, но тешко е да се каже не, само јавноста да не дознае

Овие денови во Белгија трае кампањата на фановите кои од селекторот Роберто Мартинез бараат во списокот за Светското првенство да го стави Раџа Наинголан. На пријателскиот натпревар против Португалија пред два дена, тие истакнаа порака „Сите ние сме Раџа Наинголан“ и му пееја на својот миленик.
Но и самиот Раџа се потруди дополнително да крене прашина. Гостуваше во една белгиска телевизија, во емисијата „Gert Late Night“, а по тие „мали ноќни разговори“, малку е појасно зошто можеби Мартинез не го повика на првенството во Русија.
- Многу жени приоѓаат дрско и отворено и некогаш е тешко да кажеш не… Оженет сум, но нема да кажам дека сум ангел. Најважно е тие работи никогаш да не стигнат до јавноста, „паметно“ резонира Наинголан, можеби и несвесен дека гостувањето во телевизиска емисија е јавно.
Тој потоа продолжи да ги кажува своите маки.

- Тешко е, стварно е тешко. Некогаш ќе дојдете на забава и околу вас наеднаш пет девојки. Што да правите?, прашува играчот од средниот ред на Рома.
Тој понуди и мудрост околу геј фудбалерите.
- Тие не ги откриваат своите преференции. Срам им е и свесни дека веројатно нивната кариера би била готова кога би се декларирале. Би било тешко да се зборува за тоа во соблекувалната. А фудбалот е познат по тоа што е опкружен со убави жени, вели Наинголан.

Кога ќе ја заврши кариерата, Наинголан никако не се гледа во фудбалот.
- Сакам да се тргнам од тоа. Не сакам да бидам некаков аналитичар или тренер. Не сакам да имам врска со тоа. Ќе отворам продавница во Рим и се надевам дека ќе биде една од најдобрите во градот. Ќе биде посебна со бар внатре. Планот е да се отвори во јули, но уште работиме на тоа, открива белгискиот фудбалер.
А тој ќе го има и летово за завршните работи околу продавницата, затоа што Русија секако не патува.
Ново на Сител
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
