Ѕвездата на „Црна Гуја“ пронајдена мртва: Почина познатиот британски комичар

Славниот британски комичар Џереми Харди починал рано утрово во 57. година од животот, по долгата борба со ракот.
„Пријателите и семејството со тага објавуваат дека Џереми почина од рак, рано утрово. Тој беше со својата сопруга и ќерката во моментот на смртта. До крајот остана доследен на своите принципи кои го водеа низ животот, обидувајќи се светот да го направи похуманост место, и секогаш да остане позитивен, ведар и духовит. Малку е да се каже дека ќе им недостасува на многумина кои беа инспирирани од него и неговата работа. Деталите за погребот, подоцна ќе бидат објавени“, соопшти неговиот ПР тим.
Џереми Харди е роден во Хемпшир 1961 година. Својата кариера ја започна како стендап комичар, освои бројни награди, од кои една од најзначајните беше наградата за најдобар настап во живот на ИТН доделувањето награди во 1991 година.
Најпрепознатлив беше по улогата во хумористичната серија „Црна гуја“, но и по серијата "Mock the week".
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
