Бизнис
30. January 2017 - 19:42

ДЗС:Раст на индустриското производство од 3,4% лани, стопанствениците очекуваат повисоки стапки по стабилизирање на политичката криза

Индустријата лани остварила раст на производството, покажуваат новите податоци на заводот за статистика.

Во декември забележано е зголемување од 3,5%, а во периодот јануари – декември за 3,4 проценти.

Растот е остварен во година на силни политички превирања. Стопанствениците очекуваат реузлтатите да бидат подобри оваа година, со стабилизиација на политичката состојба.

По сектори, пад е забележан во рударството, додека раст има во преработувачката индустрија и во снабдувањето со енергија. По индустриски гранки,во периодот јануари - декември пад има кај енергијата и интермедијарните производи и нетрајните производи, додека растот се темели на силен раст од 27,1% на капиталните и од 25,4%, на трајни производи за широка потрошувачка.

Во клучниот сектор за македонската економија, преработувачката индустрија, највисок раст има во производството на текстил, преработка на дрво, кај фармацевтски производи, компјутерските производи, производи од гума и пластика, неметални минерални производи, производство, поправка и инсталирање на машини, производство на моторни возила и приколки,.