ДЗС: Реката Пена се повлекува во своето корито
Во текот на ноќта и во утринските часови реката Пена се повлекува во своето корито. По повлекувањето на водата останува наталожена кал која претходно била нанесена од излеаната река. Градежната механизација со својот агажман обезбедува непречено истекување на водата назад во коритото на реката, соопшти попладнево Дирекцијата за заштита и спасување.
Како последица од обилните врнежи, се вели во соопштението, вчера околу 18 часот во селата Шипковица, Порој , Мала и Голема Речица се оштетени голем број куќи, моторни возила, а за жал евидентирани се и човечки жртви (во овој момент неофицијано 5 лица).
- Вработени од Подрачното одделение -Тетово се на лице место на повеќето критични места додека во регионот на Тетово ангажирани се 10 припадници на републичките сили како и 15 – багери, 14 камиони и 17 пумпи за вода во справувањето со последиците од невремето. Од пумпите за вода активирани се две во Болницата во Тетово, а останатите се подготвени за да може да се активираат во секој момент. Активираната механизација и пумпи се од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје, се наведува во соопштението.
Во текот на минатата ноќ интензивно се работело на пробивање на патниот правец кон селото Шипковица кој бил во прекин поради настанато свлечиште. Од утринските часови патниот правец е прооден за сообраќај.
Ново на Сител
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Левица: Семејно насилство да се гони по службена должност
-
Владата се договори со банките
-
Синдикатите не се откажуваат од барањето за минимална плата од 450 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон