Бизнис
23. November 2016 - 20:21

ДЗС: Програмерити на врвот на листата најплатени професии

Информатичките технологии, авиоиндустријата  и фармацијата се трите индустрии во кои се заработува највисока просечна плата во Македонија годинава.

Според новите податоци на Државниот завод за статитистика, во септември највисока просечна нето плата во земјава заработувале програмерите, 50 620 денари. Во текот на деветте месеци од 2016, пак, во оваа дејност просчената плата била над 48 илјади денари.

Следи воздухопловниот транспорт,  со 45,300 денари.

Меѓу дејностите каде што просечнатата месечна плата надминува 40 илјади денари се и финансиско-услужните дејности и телекомуникациите.

Најниска просечна плата е евиденетирана во рибарството и аквакултурата, 11 761 денар. Меѓу дејносите во кои заработува најнискиот месечен доход се и производството на кожа, на облека, на мебел и во преработката на дрво.

Просечната нето-плата по вработен во периодот од јануари до септември, на ниво на целата економија е 22 273 денари и бележи раст од 2 проценти во однос на истиот период лани.

Индустрија во која има најголем годишен пораст на просечната плата во септември било градежнишвото со 8,7%.

Во септември, на 1.2% од вработените во  Македонија не им била исплатена платата.

Најниски просечни нето-плати јануари – септември 2016

Рибарство и аквакултура                                                         11 761 денари

Производство на кожа и слични производи од кожа                  11 902 денари

Производство на облека                                                           12 675 денари

Производство на мебел                                                             13 741 денари

Преработка на дрво и производи од дрво, освен мебел             13 773 денари

Државен завод за статистика

Највисоки просечни нето-плати јануари – септември 2016

Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности        48 864 денари

Воздухопловен транспорт                                                                45 378 денари

Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати              41 994 денари

Финансиско-услужни дејности                            40 309 денари

Телекомуникации                                               40 174 денари

Државен завод за статистика

Највисока просечна плата

50 620 денари

Компјутерско програмирање

Просечна плата во РМ

22 273 денари