-->
-->
ДЗС: Поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти во заштитата од пожари
-->
Поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти во заштитата од шумски пожари и други пожари на отворен простор побара денеска преку соопштение Дирекцијата за заштита и спасување, поради зголемувањето на надворешните температури и сушниот период што претстои.
Како неопходни мерки за намалување на опасноста од настанување на шумски пожари и други пожари на отворен простор, ДЗС посочува да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места, да не се палат стрништа, меѓи и други површини, да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат остатоци од цигари и догорчиња.
Од ДЗС апелираат доколку се забележи ваков пожар, веднаш да се извести ТППЕ на бесплатниот телефонскиот број 193, да се следат и почитуваат известувањата и предупредувањата на надлежните служби и државни органи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер