Бизнис
8. јуни 2017 - 20:07

ДЗС: Македонската економија стагнирала во првиот квартал годинава

Брутодомашниот производ во првиот квартал не остварил пораст. Според податоците на заводот за статистика, тој изнесува 103 милијарди денари или близу 1,7 милијарди евра и е на исто ниво како и во првото тромесечје од 2016-та.

Економијата во овој период беше под влијание на политичката криза и стопанствениците укажуваа на резервираност кај компаниите за инвестициски проекти, како и за меѓусебните плаќања.

Ревидирани и поскромни проекции за учинокот на македонската економија изминатиот период дадоа и домашните и меѓународните институции.

Народната банка во априлската прогноза ги намали очекувањта за раст од 3,5 на 2,5% наведувајќи ја неизвеноста од кризата како клучен фактор.

Помала стапка на раст прогнозира и Светската банка, во последниот извештај ја намали проекцијата за полвина процент на 2,8%.

Економски раст над три проценти финансиските институции очекуват во 2018-та.