ДЗС: Индустриското производство во септември бележи раст од 8,6%
Индустриското производство во септември годинава е поголемо за 8,6 отсто во однос на истиот месец лани, а во првите девет месеци од годинава пораснало за 2,5 отсто во споредба со истиот период од 2014 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во септември годинава во однос на истиот месец лани бележи опаѓање од 3,7 отсто во секторот Рударство и вадење на камен, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 11,2, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,8 отсто.
Кај Интермедијарни производи, освен енергија забелеажан е раст за 8,5 отсто, кај Капитални производи за 24,4, а кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,4 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 6,9 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,8 проценти.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет