Македонија
10. јуни 2026 - 16:44

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари

Дирекцијата за заштита и спасување бара стотина луѓе за времено да ги ангажира во текот на летото како возачи, оператори со пумпи и противпожарни метли. Повикот, како што објаснува првиот човек на дирекцијата е само за поранешни полицајци, војници или пожарникари со најмалку петгодишно искуство во службата, без разлика дали се пензионирани или пак од други причини го напуштиле работното место.

За својот тримесеч ангажман со договор на дело, ќе добиjат вкупно, 2.150 евра.

Лицата кои ги бара дирекцијата, ќе помагаат во справување со секаков вид на пожари во текот на летото. Возачите ќе управуваат со 40тината пренаменети армиски возила, останатите, ќе работат со противпожарните пумпи, водни ранци и метли за гасење пожар. Во справувањето со летните пожари, вклучени ќе бидат и трите авиони на дирекцијата, со тројца пилоти. Два од авионите во моментов се на редовен сервис во Хрватска.

Лани за справување со шумските пожари, владата ангажираше 400 невработени лица за месечна плата од 24 илјади денари.