ДЗР: Сите медиуми кои учествувале во покривање на изборниот процес до 30 октомври се должни да поднесат извештај за рекламниот простор
Државниот завод за ревизија, укажува до сите радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (електронските портали) во Република Македонија кои имаат земено учество во медиумското покривање на изборниот процес за Локални изборите 2021 година, дека се должни до Државниот завод за ревизија најдоцна 15 дена од денот на завршување на изборната кампања за првиот круг односно до 30 октомври 2021 година да поднесат Извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа согласно одредбите од член 85-а од Изборниот законик.
За таа цел, Државниот завод за ревизија на ден 30 октомври ќе обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено ќе овозможи и електронски прием на истите на службената адреса на ДЗР dzr@dzr.gov.mk.
Од ДЗР, информираат дека образецот за извештајот е пропишан со Правилникот за образецот на извештајот за рекламен простор искористен од секој од организаторите на изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по тој основ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/11 и 60/14), како и дека е достапен на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија.
– Извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа потребно е да се достави до архивата на Државниот завод за ревизија на адреса: ул. „Павел Шатев“ бр. 2, Палата „Емануел Чучков“ Скопје, или по електронски пат на службената електронска адреса на ДЗР односно dzr@dzr.gov.mk испратен од емаил адресата на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (електронските портали) впишани во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) донесен од Државната изборна комисија, се вели во соопштението од ДЗР.
Од ДЗР, напоменуваат дека согласно одредбите од член 189-а став 1 од наведениот закон пропишана е Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на радиодифузерот или печатениот медиум кој нема да поднесе извештај за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа, најдоцна 15 дена по денот на завршувањето на изборната кампања. Исто така глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорниот уредник за дејствијата од ставот 1 на член 189-а.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова и Муцунски ја продолжуваат посетата на САД во Детроид на средба со дијаспората
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ И Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните
-
За Мицкоски СДСМ одработува за туѓа агенда, за Филипче предлог резолуцијата е најпатриотскиот документ
-
Нови казни, стари навики
-
Што ќе покаже стручниот надзор за седумгодишното дете кое почина во тетовската болница?
-
Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
-
СДСМ: Спие ли мирно Панче Тошковски за случајот со Росица во Велес, оставка кога?