Ѕирнете во луксузниот хотел на Кристијано Роналдо

До крајот на недела, португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо ќе отвори својот хотел со ѕвезди - „Pestana CR7“.
Ако некогаш случајно се најдете во неговиот роден град Фуншалу на осртовот Медеира, и располагате со 214 евра по вечер за сместување, ќе имате навистина едноставно сместување.
Хотелот посебно е дизајниран за гости кои припаѓаат во таканаречената „миленијалска генерација“, а ако не сте фан на Роналдо, нема да ви се допадне ентериерот во собите во кои се наоѓаат сувенири инспирирани од кариерата на фудбалерот на Реал Мадрид.
Поедини соби имаат и теписи кои се уредени како фудбалски терен.

Вкупно на располагање се 48 соби, со бежичен интернет, модерни туш кабини и осветлување со потенциометри.
За изнајмување на најскапиот ЦР7 апартман ви требаат 683 евра, а во него има и Play Station 4 конзола, виртуелни игри и опрема за кардио тренинг.
Во склопот на хотелот е и велнес центарот за тренажната програма Get in Shape” која ја користи раналдо за совршените стомачни мускули, атука е и ексклузивната теретана на отворено и сауна.

На кровот на хотелот се наоѓа базен, од каде се нуди феноменален поглед на целиот град.

Во непосредна близина е лоциран и добро познатиот музеј на Роналдо.
За изградба Португалецот издвоил 70 милиони евра и е прв во ланецот, поради тоа што во наредниот период низсветот ќе никнат уште вакви луксузни хотели. Конкретно, се очекува отварање во Лисабон до крајот на 2016, а во Мадрид и Њујорк најверојатно во 2017 госина.










Ново на Сител
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
