Џулијани: Против Трамп демонстрираат „размазени плачковци“
Советникот на Доналд Трамп, Руди Џулијани, ги критикуваше протестите против изборот на новиот американски претседател и демонстрантите ги нарече „толпа размазени плачковци“, пренесе Политико.
Џулијани кажа дека има впечаток дека, иако демонстрантите се во поголем дел студенти, мнозинството студенти всушност воопшто не се толку вознемирени од победата на Трамп.
- Мнозинството деца не кукаат и не плачат, туку одат на часови, додаде тој.
На забелешката на водителот на телевизијата „Фокс“ дека некои универзитети нудат храна и терапија за студентите вознемирени од исходот од изборите, Џулијани се пошегува, изјавувајќи дека католичките свештеници, кои своевремено го учеле на колеџот на Менхетн, би му „понудиле нешто друго“.
Тој кажа дека на многу универзитетски кампуси се уверил дека расте бројот на конзервативни студенти затоа што се бунат против професорите.
- Ако барате вистински левичарски лудаци во кампусите тоа се професорите, а не студентите, додаде Џулијани.
Тој изјави дека неговиот совет за Трамп во оваа ситуација е да им порача на демонстрантите: „Смирете се, работите не се така лоши како што изгледаат. Дајте ми една година и мислам дека ќе видите дека живеете во многу подобра земја отколку што живеевте до сега. Ако не, не знам, можете повторно да плачете“.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“