-->
-->
Џулија Ормонд во третата сезона од ТВ-серијата „Живи мртовци“
-->

Актерката Џулија Ормонд ќе има една од улогите во третата ТВ-серија со наслов „Живи мртовци“ (The Walking Dead), соопшти продукциската куќа АМЦ.
– Почестени сме што ја имаме Џулија во нашата екипа. Благодарен сум на талентот, грациозноста, интелектот и хуморот што таа ги донесе на снимањето, изјави Скот М. Гимпл, еден од авторите.
Ормонд е првото звучно име во екипата. Досега се знаеше дека другите улоги ги глумат Анет Махендру, Алија Ројал, Нико Торторела…
Третата серија ќе носи наслов „The Walking Dead: World Beyond“ и ќе почне да се прикажува наредната 2020 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
-

Полицаец од Битола возел со 1,51 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
