Џули Бишоп: Војната против ИД може да потрае со години
Австралискиот министер за надворешни работи Џули Бишоп изјави дека војната против џихадистите од Исламската држава (ИД) може да потрае со години, што значи дека и улогата на Австралија во таа борба може да трае долго време.
Изјавата на Бишоп доаѓа по соопштението на австралиската Влада дека борбени авиони на австралиското Воено воздухопловство ќе се вклучат во операциите за бомбардирање на позициите на џихадистите од оваа милитантна исламистичка сунитска група во Сирија.
Австралиските авиони досега беа вклучени само во летачки мисии против милитантите од ИД на територијата на Ирак, како дел од меѓународната антиџихадиситчка коалиција предводена од САД.
Австралија испрати и извесен број свои војници, кои учествуваат во обуката на ирачката армија.
Според министерката Бишоп, Австралија е посветена на уништување на џихадистите кои се закана за регионот на Блискиот Исток.
Изјавата на шефот на дипломатијата ја потврди и министерот за одбрана, Кевин Андерсон, кој за австралиската телевизиска компанија Еј-Би-Си изјави дека не може да каже колку долго ќе трае мисијата против ИД.
- Не можам да дадам прецизен одговор, но сигурно станува збор за две-три години, рече Андерсон.
Минатиот месец САД и формално побараа од Владата во Канбера, австралиската воена авијација да се вклучи во борбените операции против џихадистите од ИД на сириската територија.
Соопштението на Бишоп и изјавата на Андерсон доаѓаат по одлуката на австралиската Влада, освен за поинтензивно вклучување во воената пресметка со ИД, да го зголеми и прифатот на бегалците кои бегаат од војната на Блискиот Исток.
Австралија одлучи да прими 12 илјади бегалци, како и да уплати дополнителни 44 милиони австралиски долари во фондовите на ОН за помош на бегалците и раселените лица од Сирија и Ирак.
Ново на Сител
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц