Џорџ Сорос: Брегзит ќе предизвика пад на фунтата и на вработеноста
Американскиот инвеститор Џорџ Сорос предупредуи денеска на „сериозните последици“ за вработеноста во Велика Британија, како и за финансиите на земјата, доколку Британците в четврток се определат за Брегзит.
Во авторски текст во лондонски „Гардијан“ Сорос наведува дека проблемите ќе ги предизвика падот на фунтата на светските берзи.
Овој американски финансиер, од унгарско потекло, во Велика Британија е познат како човекот кој ја „урна“ фунтата, во текот на „Црниот четврток“ во 1992 година, кога со низа трансакции на хеџ фондовите, предизвика девалвација на британсксата национална валута.
Сега Американецот предупредува оти напуштањето на ЕУ ќе предизвика поголеми потреси и пад на вредноста на фунтата од најмалку 15 отсто во однос на доларот, со можно паѓање и до повеќе од 20 отсто.
Тоа би довело, фунтата да се менува за 1,15 долари, наместо за сегашните 1,46 долари.
- Фунтата ќе ја губи својата вредност забрзано и ситуацијата ќе биде полоша од онаа во 1992 година, предизвикувајќи веднаш силен ефект на финанскиот пазар, врз инвестициите и цените, но и во голем обем и врз вработеноста во земјата, оценува Сорос.
Според овој инвеститор, британските гласачи досега беа силно потценети и дезинформирани околу вистинската цена на Брегзит.
- Премногу луѓе веруваат дека заминувањето од ЕУ нема да има никаков ефект врз нивните лични финансии, но тоа е само пуста желба на оние кои пропагират Брегзит, пишува Сорос во „Гардијан“.
Ново на Сител
-
Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителството
-
Без струја делови од неколку скопски општини
-
Дваесет и четири години од масакрот на припадниците на безбедносните сили во Вејце
-
Владата и парламентарното мнозинство се стабилни и покрај превирањата во Вреди, после 1 мај ќе се знае дали Таравари останува
-
Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија да се борат против Украина
-
Најмалку 11 луѓе загинаа кога возило влета во публиката на фестивал во Канада
-
Ватикан: Кардиналите денеска ќе го утврдат датумот на конклавата за избор на нов папа
-
Променливо облачно со сончеви периоди