Џорџ Клуни дел од фирма која се соочува со обвинувања за злоупотреба на детски труд
Како заштитно лице на познатиот бренд Неспресо, глумецот Џорџ Клуни заработи 31 милион фунти, но тој бренд сега се соочува со обвинувања за злоупотреба на детски труд.
Холивудскиот глумец, инаку, е посветен борец против злоупотребувањето деца на полињата. Тој, како што пишува „Дејли мејл“, бил тажен кога ги видел снимките од деца во Гватемала, кои работат на плантажите осум часа на ден, за помалку од пет фунти.
– Бев изненаден и тажен кога го погледнав документарецот. Јасно е дека оваа компанија има уште многу работа. И, таа работа мора да се сврши. Работев на поле со тутун на свои 12 години и прилично сум свесен за сложените прашања коишто се однесуваат на земјоделството и детскиот труд, изјави Клуни (58). Тој од 2006 година е заштитно лице, а 2013. се придружи на Советодавниот одбор за одржливост на компанијата Неспресо.
Претседателот и извршен директор, Гијом ле Кунф инсистира дека фирмата не толерира злоупотреба на детскиот труд и вети дека случајот ќе биде истражен.
Ова, инаку, не е првпат Неспресо да се соочува со обвинувања за присилна работа. Новинарско истражување спроведено во декември, откри дека кафето кое се произведува со присилна работа во Бразил, има сертификат и жиг „без ропства”, и се продава преку компанијата Неспресо, меѓу другите.
„Доста сме загрижени поради овие наводи и ги сфаќаме сериозно. Полагаме напори да го елиминираме детскиот труд и да ги заштитиме децата кои живеат во земјоделските околии”, соопштија тогаш од Неспресо.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно