Џонсон верува дека пост-Брегзит трговскиот договор ќе се постигне до крајот на јули
Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон изјави дека верува оти пост-Брегзит трговски договор е можен до крајот на следниот месец, по разговорите со лидерите од ЕУ.
– Колку побрзо го сториме тоа, толку подобро. Не гледаме причина зошто не треба да го направите тоа во јули, рече тој, по повиците за „нов моментум“ во преговорите.
Претседателите на Европскиот совет, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, имаа видео конференција со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.
Видео-средбата на највисоките претставници на ЕУ и Велика Британија беше организирана со цел да се разгледа ситуацијата околу преговорите што се водат за идните односи меѓу Брисел и Лондон.
Пред средбата со Џонсон од Брисел рекоа дека се подготвени да ги „интензивираат разговорите“ и да дадат „свеж импулс“ на преговорите.
Ново на Сител
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија