Џонсон: Велика Британија може да стане вазалска држава
Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон предупреди дека Велика Британија би можела да стане „вазалска држава“ доклку ги прифати плановите на Европска унија за Брегзит. Неговата изјава предизвика тензии во кабинетот за Брегзит, како и во земјата.
Тој во интервју за „Сандеј Тајмс“ посочи дека сака „либерален Брегзит“.
- Секој договор мора да и пружи слобода на Велика Британија сами да одлучуваме за нашата регулаторна рамка, нашите закони и да ги правиме работите на посебен начин. Ако Британија биде приморана да применува исти закони како ЕУ, тогаш која е поентата на тоа што го постигнавме. Зошто би преминале од земја-членка во вазалска држава, истакна Џонсон.
Тој потенцира дека британската премиерка Тереза Меј во петокот завршила „фантастична работа“ обезбедувајќи зелено светло од лидерите на ЕУ, преговорите за Брегзит да продолжат кон договорот за трговија.
Британската Влада е поделена помеѓу тие кои сакаат цврсто да се држат до правилата на ЕУ, како што се министерот за финансии Филип Хамонд и министерката за внатрешни работи Амбер Рад и тие кои сакаат да се оддалечат. Џонсон посочи дека дури и Хамонд сака одреден степен на оддвоеност со цел да се зајакне технолошкиот сектор на Велика Британија
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца