Џонсон: Санкциите се подготвени доколку Русија ја нападне Украина
Британскиот премиер Борис Џонсон нагласи дека санкции и други мерки ќе бидат подготвени во случај на руски напад врз Украина, а неговата Влада ќе побара од Парламентот санкции за руски поединци и компании.
Во авторска статија за лондонски „Тајмс”, Џонсон наведува дека Британија размислува да распореди борбени авиони и воени бродови на Кралската морнарица за да ја заштити Југоисточна Европа, а британскиот министер за одбрана Бен Волас и министерката за надворешни работи Лиз Трас наскоро ќе отпатуваат во Москва.
– Британски санкции и другите мерки ќе бидат подготвени во случај на каков било руски напад. Владата ќе побара од Парламентот нови овластувања за санкционирање на поширок опсег на руски поединци и ентитети, вклучително и секоја компанија поврзана со руската држава или која работи во сектор од стратешко значење за Кремљ, напиша Џонсон.
Тој истакна дека Велика Британија, исто така, се подготвува да ја зајакне борбената група на НАТО во Естонија предводена од Лондон.
– Ја поздравувам изјавата на Германија дека проектот Северен поток 2 ќе се преиспита во случај на инвазија, додава британскиот премиер.
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески
-
Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол
-
Украинските падобранци заробиле 21 руски војник во Курск
-
Татко пријавил дека неговата ќерка била силувана од момчето со кое била во врска
-
НСЗПА со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов
-
Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
-
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
-
Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово