Џонсон: Русија е најголема закана за безбедноста на Велика Британија
Русија останува „најакутна директна закана” за Велика Британија, според владин извештај објавен денеска, во кој е истакната лондонската политика за безбедност после Брегзит, вклучително и зголемување на нуклеарните резерви.
Во извештајот „Интегриран преглед” на Борис Џонсон, најголемиот преглед на надворешната и одбранбената политика на Велика Британија од крајот на Студената војна, премиерот ветува дека Велика Британија ќе остане дел од НАТО и оти ќе работи со „сојузниците и партнерите” за решавање на предизвиците за безбедноста во „физичкиот свет” и онлајн.
– Велика Британија ги почитува луѓето, културата и историјата на Русија. Сепак, сè додека не се подобрат односите со нејзината влада, ние активно ќе го одвраќаме и браниме од целиот спектар на закани што произлегуваат од Русија, се вели во документот.
Ќе продолжиме да го надминуваме упатството на НАТО за трошење на два проценти од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана и да ги употребуваме нашите нуклеарни и одбранбени кибер способности за одбрана на сојузниците, стои во текстот.
Стратегијата исто така го истакнува планот за проширување на британскиот нуклеарен капацитет во обид да се заштити домашната безбедност, зголемувајќи го бројот на нуклеарните боеви глави од 180 на 260
Велика Британија, исто така, ќе се обиде да го прошири своето влијание во рамките на земјите во Индо-пацифичкиот регион поради глобалната доминација на Кина, што има „големи импликации” врз британските вредности и интереси, се наведува во извештајот.
Ново на Сител
-
Со секира ги нападнал родителите, таткото починал - приведен маж од кичевско
-
Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот
-
Трамп: Ќе ја зголемам трговијата и со Индија и со Пакистан
-
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор
-
Макрон за предлогот на Путин: На безусловен прекин на огнот не му претходат преговори
-
Трамп за повикот на Путин за преговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина
-
Министерот Муцунски во работна посета на Шведска
-
Авионска дезинсекција против комарци во Скопје