Џонсон планира измени во Владата
Британскиот премиер Борис Џонсон се соочува со сериозни проблеми со своите министри и пратениците во Долниот дом, кои денеска се враќаат во Парламентот по летните одмори. Причина се плановите на премиерот, кои се спротивни на предизборниот манифест на Конзервативната партија и очекуваните промени во кабинетот.
Плановите на Џонсон се зголемување на националните придонеси за социјално осигурување, за да се зголеми финансирањето на националната здравствена заштита, како и за преструктуирање на социјалната заштита, што ќе влијае на пензиите, во пракса, прекршувајќи го изборниот манифест на ториевците, а пратениците веќе го информираа секретарот на Конзервативната партија дека можеби нема да го поддржат премиерот при гласањето во Долниот дом.
Многу пратеници, а не само од владејачката Конзервативна партија, се на мислење дека зголемувањето на даноците нема да ги реши проблемите, па затоа протуркувањето на плановите на Џонсон во Парламентот може да биде проблематично.
Освен тоа, се шпекулира дека до крајот на неделата, Џонсон ќе направи реконструкција во кабинетот, а очекувани „жртви“ се министерот за надворешни работи Доминик Раб и министерот за образование Гевин Вилијамсон. Се уште не се знае каква позиција ќе му биде понудена на Раб, чиј рејтинг се намали околу кризата во Авганистан, но неговото место најверојатно ќе го заземе министерката за меѓународна трговија Лиз Трус, која има највисок рејтинг во кабинетот.
Ново на Сител
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО-ДПМНЕ
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД
-
Без струја дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров
-
Состојба на патиштата