Џонсон: Не е доцна за вистински план за Брегзит
Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека не е доцна британската Влада да постигне договор за „вистинска промена” на планот на премиерката Тереза Меј за Брегзит и изрази противење за новото гласање во Парламентот оваа недела.
Џонсон, кој беше еден од водечките личности во кампањата за излез на Велика Британија од ЕУ на референдумот во 2016 година, во колумна за
британски „Телеграф“ порача дека можеби постои начин да се излезе од ќор-сокакот кога станува збор за ставот на Парламентот за Брегзит.
Тереза Меј очекува да добие поддршка од британскиот Парламент на третото гласање за нејзиниот нов план за Брегзит оваа недела.
Предвидениот термин за влегување во сила на Брегзит е 29-ти март, а датумот најверојатно ќе биде променет оти пратениците неодамна гласаа за одложување на Брегзит за најмалку три месеци.
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд