Џонсон: Најдобро е Трамп да не се вклучи во британските избори

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека најдобро ќе биде доколку американскиот претседател Доналд Трамп не се вклучи во претстојните избори во Велика Британија.
Трамп следната недела ќе допатува во Лондон на самитот на НАТО.
– Тоа што традиционално не го правиме како сојузници и пријатели е да се вклучуваме во предизборните кампањи едни на други, рече Џонсон, чија Конзервативна партија води во анкетите во пресрет на изборите закажани за 12 декември.
Трамп, на извесен начин, веќе се вклучи во изборите, кога во октомври кажа дека опозицискиот лидер на Лабуристичката партија, Џереми Корбин, ќе биде „лош“ за Велика Британија и дека Џонсон треба да склучи пакт со лидерот на партијата Брегзит, Најџел Фараж.
Оваа пофалба за Џонсон, лидерот на лабуристите ја искористи како една од своите главни пораки во нападот врз конзервативците, изјавувајќи дека тие по Брегзит, секако, доколку победат, деловите од државната здравствена служба ќе им ги продадат на фирмите.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
