Свет
9. April 2020 - 21:32

Џонсон го напуштил Одделот за интензивна нега

Британскиот премиер Борис Џонсон веќе не се наоѓа на Одделот за интензивна нега на болницата „Сент Томас“ во Лондон, изјави неговиот портпарол, пренесоа британските медиуми.

-Тој внинателно ќе биде следен од медицинската екипа во раната фаза од заздравувањето и е со многу добро расположение, наведе порпаролот.