Џонсон до конзервативците: Уживајте во славењето
Според резултатите од пребројувањето на гласачките ливчиња од вчера оддржаните парламентарни избори во Велика Британија, што утринава ги објави Би-Би-Си, Конзервативната партија на Џонсон освои 358 мандати, што е доволно „комотно“ мнозинство во 650-члениот британски парламнт.
Лабуристите, според овие резултати, освоија 203 мандати, Шкотската национана партија 48 мандати, а Либерланите-демократи 11
Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа на членовите на неговата партија им порача да „уживаат во славењето“ откако првата излезна анкета, покажа дека неговата Конзервативна партија е на пат да ги освои мнозинството мандати на изборите во земјата.
„Се надевам дека вечерва ќе уживате во славењето“, напиша Џонсон во мејл до членовите на партијата, додавајќи „ Вие ја овозможивте оваа кампања. Немаше да успееме без вас“.
Со овие резултати Џонсон ќе освои местата во парламентот што му се потребни да го реализира Брегзит на 31 јануари, јавија британските медиуми.
Ново на Сител
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско
-
Сообраќајка во Кочани - тешко повредено едно лице
-
Земјотрес од 5,3 степени го погоди западот на Турција
-
Песков: Путин е подготвен да се сретне со Трамп во Москва
-
НАТО го засилува присуството на Балтикот откако во Данска се видени дронови
-
Лишени од слобода двајца Скопјани, при претрес пронајдена марихуана