Џонсон денеска ќе ја соопшти „конечната понуда“ за Брегзит

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денеска ќе ја објави конечната понуда за договорот за Брегзит, но и ќе му соопшти на Брисел дека освен ако ЕУ не се согласи, Велика Британија нема понатаму да преговара и ќе ја напушти Унијата на 31 октомври без договор.
Џонсон во завршниот говор на годишната конференција на конзервативците рече дека ќе соопшти детали за понудата, за која смета дека е фер и одговорна. Во соопштение кое неговиот кабинет го објави доцна синоќа, се наведува дека Џонсон „под никакви околности“ нема да бара одложување на Брегзит на претстојниот самит во Брисел на 17 и 18 октомври. Британскиот весник „Телеграф“ објави дека според новиот план, Северна Ирска ќе остане во посебен однос со ЕУ до 2025 година, по што Белфаст ќе одлучи дали ќе остане во Унијата или ќе се врати на британските правила.
Предвидено е и покраината да ја напушти царинската унија на ЕУ заедно со Велика Британија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
