Џони Деп ќе биде гитарист во бендот на Мерлин Менсон
Познато е пријателството помеѓу пејачот Мерлин Менсон и актерот Џони Деп, тие заедно гледаат филмови, снимаат спотови, па дури имаат и иста тетоважа на грбот. Менсон неодамна објави на Твитер дека Деп размислува да биде дел од неговиот бенд.
Нивното долгогодишно пријателство во последните години е забележано на фотографии од различни свирки, а кон крајот на 2017 година објавен е заеднички спот за песната на Менсон „KILL4ME“, во кој Деп има главна улога.
Деп дошол во Холивуд за да стане рокер, а не актер, па „улогата“ на гитарист не ми требало да му претставува проблем. Актерот беше член на супергрупата „The Hollywood Vampires“ (Алис Купер, Џо Пери, Даф Меккеган и Мет Сорум), со кој го пропатува светот и објави еден албум.
Фановите се поделени за идејата Деп да биде дел од бендот на Менсон. Едни едвај чекаат да ги видат заедно на сцена, додека други сметаат дека Менсон ќе згреши бидејќи актерот минатите години имаше судски спорови поради насилство врз сопругата.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста