Џон Мекдонeл: Британскиот Парламент нема да поддржи Брегзит без договор
Во Долниот дом на британскиот Парламент нема мнозинство што би поддржало истапување на Велика Британија од ЕУ без да биде постигнат договор за Брегзит со Брисел, изјави министерот за финансии во лабуристичката Влада во сенка, Џон Мекдонeл.
– Сметам дека големо мнозинство пратеници се против Брегзит без договор, изјави Мекдонeл.
Сепак, според него, во овој момент нема ниту мнозинство за поддршка на Предлог-договорот за Брегзит, што го постигнаа преговарачите на Лондон и Брисел.
– Не можеме да продолжиме вака. Едноставно не можеме да продолжиме со ваква нестабилност во Владата, ден по ден, а понекогаш и час по час, нагласи лабуристичкиот пратеник.
Според Мекдонeл, доколку Парламентот го отфрли постигнатиот Договор, тогаш во Долниот дом ќе започне „војна до истоштување“ за измени во текстот и неизвесноста ќе продолжи.
Запрашан дали некои лабурстички пратеници би можеле да го поддржат Предлог-договорот, имајќи предвид дека петмина лабуристи веќе ги поддржаа конзервативците, Мекдонeл истакна дека очекува овој пат да биде почитувана партиската дисциплина.
Британската премиерка Тереза Меј се обидува да обезбеди мнозинство за усвојување на предлог-договорот во Долниот дом на Парламентот, кое е неизвесно, од прични што со неговата содржината се незадоволни и тврдокорните поддржувачи на Брегзитот, но и оние кои се залагаат за одржување на блиски врски на Велика Британија со Унијата.
Предлог-договорот за Брегзит беше постигнат минатата среда и тој веќе доби поддршка од британската Влада, иако потоа петмина владини министри поднесоа оставки незадоволни од ваквата одлука. Сега останува за документот да се произнесе Парламентот во Лондон, како и земјите членки на ЕУ, кои начелно го поддржаа договорениот текст.
Со него се предвидува Велика Британија во Буџетот на ЕУ да ги уплати обврските за кои се изјаснила во рамки на институциите на Унијата и е утврден преден рок по Брегзит во траење од 21 месец, односно до 31 декември 2020 година.
Избегнато е воведувањето на царински и гранични контроли на границата меѓу Ирска и Велика Британија, со тоа што британската покраина Северна Ирска ќе остане дел од европската царинска унија.
Договорот предвидува дражавјаните на земјите членки на ЕУ што живеат во Велика Британија, како и Британците населени во државите на Унијата, да ги имаат сегашните права се додека се живи, вклучително и правата на социјални надоместоци и за покана на членовите на нивните семејства да се преселат да живеат со нив.
Почитувањето на обврските од договорот ќе биде под контрола на Судот на ЕУ.
Предвидено е како анекс на договорот да се додаде изјава за идните односи, во која ќе се нагласи дека Велика Британија и ЕУ неможат меѓусебно да си воведуваат царини и квоти за увоз и дека ќе продолжи тесната соработка на безбедносните служби на двете страни.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот