Џон Чилкот: Потребни се многу повнимателни анализи пред секоја идна воена интервенција

Претседателот на британската специјална истражна комисија за воената интервенција во Ирак од март 2003 година, Џон Чилкот изјави дека „секоја идна, помасовна воена интервенција, мора да биде многу потемелно анализирана“.
- Без детална и прецизна анализа и без поширока политичка проценка, повеќе нема да бидат можни воени интервенции од поголеми размери, вели Чилкот, во разговор за Би-Би-Си.
Неговата изјава доаѓа пред објавувањето на извештајот на комисијата, на кој чекааше британската јавност, а посебно противниците на воената интервенција и роднитите на загинатите војнци.
Според Чилкот, во завршниот извештај има критики за поединци и за институции, но не се очекува да има и „пресуда“ за поранешниот британски премиер Тони Блер кој одлучи британската армија да учествува во американската воена интервенција, со која беше соборен режимот на Садам Хусеин.
Британската армија беше вклучена во воените операции од 2003 до 2009 година и за тој период загинаа 179 Британци.
Американската војска беше многу помасовно вклучена во воените судирања, а Американците останаа и подолго во Ирак, каде загинаа 4487 американски војници и цивили.
Претседателот на Комисијата Чилкот вели дека извештајот за британското учество во воената интервенција е работен врз основа на доказите до кои членовите на Комисијата имале пристап и сведочењето на повеќе о 100 сведоци.
Блер беше на два пати повикан како сведок, а Комисијата ги има прегледано и доверливите владини материјали, разузнавачките сознанија пред интервенцијата, како и приватната кореспонденција на Блер со тогашниот американски претседател Џорџ Буш.
Чилкот вели верува во веродостојноста на известувњато за случувањата од пред повеќе од 13 години, но инсистира дека Комисијата не е суд, а нејзините членови не се ниту судии, ниту поротници.
Ново на Сител
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
