Џоломари од неколку тиквешки села бркаа лоши духови, традиција за Василица
Џоломари од неколку тиквешки села денеска бркаа лоши духови и со тоа ја испочитуваа долгогодишната традиција за Василица на овие простори.
Претставникот на џоломарската група од село Бегниште, Орданчо Лазаров, во изјава за МИА, рече дека џоломарите го претставуваат културното етнографско богатство и наследство на човештвото од овој регион, го чуваат, негуваат, заштитуваат, развиваат и промовираат пред светот.
Тој нагласи дека се гордее со многувековната традиција која претставува вистинска атракција каде и да се појават.
- Џоломарството се чува и негува во Бегниште како очите во главата. Се пренесува од дедо на внук. Се маскираат од најмлади до најстари припадници на машкиот пол. Со волнени ќулавки и долги бради, сламени грпки, клопотарци и стапови, исцрнети лица со саѓи од фурните, кои се чуваат и пренесуваат како семејно богатство и наследство, страшните џоломари прават врева и ги бркаат лошите духови. Наместо тоа, носат здравје и бериќет, среќа и позитивна енергија. Со симулирање на сексуален чин со своевидната невеста во групата, се упатува пораката за нов живот ослободен од лошотии, подвлече Лазаров.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата